(Видео) Еве како ќе изгледа Македонија од понеделник: Полициja во Франција по кафулињата проверува дали сте вakцинирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници и негувателите, како реакција на рапидното ширење на Делта сојот на коронавирус

„3дравствена пропусница“ во Франција е потребна за присуство на фестивал, театарска претстава или кинопроекција.

Демонстранти маршираат низ повеќе француски градови, четврти викенд по ред, осудувајќи ги, како што велат, деспотските правила што ги принудуваат да бидат вакцинирани против ковид-19, против нивна волја и да покажат здравствена дозвола за да можат да имаат пристап до секојдневни активности.

Меѓу демонстрантите има и левичарски анархисти и екстремно десничарски милитанти, остатоци од антивладиното движење Жолти елеци, како и други граѓани кои се против примање на вакцина или сметаат дека здравствената дозвола е дискриминаторска.

Од понеделник, луѓето ќе мора да покажат здравствена дозвола за да јадат во ресторан, да добијат пристап до третман што не е итен во болница или да патуваат со меѓуградски воз.

Здравствените дозволи веќе се неопходни за посета на базени, музеи и ноќни клубови.

Здравствените работници имаат рок до 15 септември да се вакцинираат или ќе бидат суспендирани.

Еве како изгледа тоа:

Видеото погледнете го тука.

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата и во Македонија донесе нови анти-ковид мерки кои ќе важат од 15 и 16 август

Целосна забрана на секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцина, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.

Владата одлучи и да се зајакнат контролите на постоечките анти-ковид мерки.

„Со одлуката, до 15 август сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила. За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50 отсто од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи“, соопшти владината прес-служба.

Покрај ова, од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти и кафетерии, вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This