(Видео) Еве колку ја чинеше Америка pyшењето на Милошевиќ? – „Цијашите“ проговореа за операцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речис 40 милиони долари беа потрошени во Србија за помош во соборувањето на поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, сведочат денес американски официјални лица.

Дури и американската разузнавачка служба на ЦИА била вклучена во целата приказна, заедно со американската администрација, но и локалната опозиција, работеше со сите сили за да му стави крај на Милошевиќ, што се случи на 5 октомври 2000 година.

Текстот на Дејвид Шајмер објавен во „Форин Аферс“, кој се занимава со мешањтое на американската разузнавачка агенција ЦИА во изборите, ги опишува деталите и сведоштвата на одредени функционери на агенцијата, како и што било направено тогаш, се со цел да се собори Слободан Милошевиќ. .

Во текстот, авторот наведува дека Леон Панета, шеф на кабинетот на Клинтон од 1994 до 1997 година, му кажал дека Милошевиќ се гледа како негативец со лошо влијание и некој кој „ќе го сврти тој дел од светот наопаку“ доколку не се преземат конкретни чекори во врска со него. Изборите во 2000 година беа можност за тоа. Не знам дали јавно кажавме дека нашата цел е промена на режимот – вели Џејмс Обрајан, тогаш специјален пратеник на Бил Клинтон за Балканот, истакнувајќи дека „не видовме дека Милошевиќ може да води нормална земја“.

„Форин Аферс“ наведува дека од средината на 1999 година до крајот на 2000 година, држани и приватните американски организации потрошиле околу 40 милиони американски долари на разни програми во Србија, поддржувајќи ја не само опозицијата на Милошевиќ, туку и „независните медиуми“, граѓански организации и иницијативи кои повикуваа на гласање протв.

– Преку овој отворен ангажман, Соединетите држави имаа за цел да го урнат Милошевиќ кој беше подготвен да манипулира со изборите- објасни Обрајан. Исто така, се наведува дека Стејт департментот, УСАИД и невладините организации финансирани од Америка го сториле тоа јавно, но дека ЦИА го сторила тоа во тајност.

Авторот на текстот исто така наведува дека Џон Кифер, некогаш оперативен службеник на ЦИА, му рекол дека помеѓу 1991 и 2014 година знаел само за една „успешна“ операција на мешање во оваа организација на изборите – во Србија во 2000 година. Имаше тајни напори да се обидеме да ја поддржиме опозицијата на Милошевиќ, рече Сеифер, потсетувајќи дека ЦИА, откако Клинтон ги извести избраните членови на Конгресот, работела „со поддршка и финансирање и обезбедување помош на одредени кандидати од опозицијата – тоа беше главната работа“.

Кифер, кој стана шеф на ЦИА во Србија, веднаш по изборите, објасни дека на агенцијата која водела „кампања против Милошевиќ“ им дале „сигурно милиони долари“, претежно на средби со клучните српски опозициски лидери надвор од земјата и „им обезбедува пари“ на лице место. Во интервјуто, Клинтон потврди дека ја овластил ЦИА да се меша во изборите во 2000 година во корист на противниците на Милошевиќ.

– Немав никакви проблеми со тоа – тој ми кажа за скриените ангажмани на ЦИА, затоа што Милошевиќ „бил ладнокрвен убиец, кој предизвика смрт на стотици илјади луѓе“.

„Исто како што американските претседатели во ерата на Студената војна веруваа дека можат да ги зајакнат странските демократии со поткопување на комунистичките кандидати, Клинтон веруваше дека тие можат да ја зајакнат српската демократија работејќи против Милошевиќ“, се вели во текстот.

Исто така се наведува дека Клинтон за Милошевиќ изјавил дека „момчето е воен злосторник“ и дека не го смета за кандидат за демократија, туку дека се обидува да се ослободи од неа. „Форин Аферс“ пишува дека во Србија ЦИА се фокусирала на влијание врз размислувањето, а не на промена на гласачките ливчиња.

„Ние свесно не ги лажевме гласачите да ги принудуваме да ги поддржуваат луѓето за кои се надевавме дека ќе победат“, објасни Клинтон.

ЦИА обезбеди пари и друга помош за кампањата на опозицијата. Лидерите на конгресот го познаваа и поддржуваа овој таен план. Трент Лот, водачот на мнозинството во Сенатот, потсетува дека сесрдно ја поддржувал операцијата ЦИА.

За крај да се потсетиме на говорот на Слободан Милошевиќ кој вирално се шири деновиве по социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This