(Видео) Еве кaкo изглeдaшe мoќнaтa epyпциja нa Етна: Градовите пpeкpиeни co пeпeл, yништeни гoлeм брoj нa aвтoмoбили..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После спектакуларната ерупција на најголемиот активен вулкан во Европа, вулканот Етна, градовите на италијанскиот остров Сицилија утринава беа прекриени со пепел.

Граѓаните и властите денеска работат на чистење на улциите, дворовите и автомобилите од пепелта и вулканскиот материјал кој од кратерот на Етна се ширел во пречник од неколку десетина километри.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Вулканскиот материјал и камењата со големина до 10 сантиметри предизвикале штета на поголем број на автомобили.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Локалните власти побараа да се прогласи природна катастрофа во планинските општини. За среќа, лавата која ја исфрли вулканот не стигна до населените места, па нема човечки жртви.

Денеска, откако теренот во околината на вулканот ќе биде расчистен, ќе започне и утврдувањето на материјалната штета, посебно кога станува збор за земјоделието. Поради ерупцијата, беше затворен и меѓународниот аеродром во градот Катанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This