April 26, 2024, 10:52 pm

(ВИДЕО) „ЕВРОПСКИОТ“ МЕНТАЛИТЕТ НА ШКЕНДИЈА: Ибраими со глава го удри судијата, Шкендија се збогува со Европа со три црвени картони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шкендија е најголемото разочарување од македонските клубови на европска сцена ова лето.

Иако имаше противници со послаб рејтинг од својот, тетовскиот клуб не успеа да помине ниедна пречка и пред крајот на јули го завршува својот настап во меѓународни рамки. Крајот е срамен, не само поради елиминацијата од Дуделанж од Луксембург, туку поради однесувањето на еден од најпознатите играчи од овој состав на Шкендија, Агим Ибраими.

Поранешниот репрезентативец си дозволи да го уништи реномето на Шкендија, уште повеќе на нашиот фудбал и да го удри со глава главниот судија на мечот со Дуделанж. Наши клубови и порано имале срамни елиминации, но фудбалерите држеле некое ниво и не се однесувале така.

Тетовската екипа во првиот меч загуби на домашен терен со 1:2, а во гости одиграа само 1:1 кај Дуделанж, па со севкупен резултат од 2:3 испадна од Европа.

Дуделанж дојде во водство во 78 минута прегу Делгадо, додека изедначувачкиот гол за Шкендија го постигна Ибраими во 92 минута.

Треба да се напомене дека пред да биде постигнат голот на Шкендија, Муслиу мораше да ја напушти играта поради два жолти картони, додека во 94 и 95 минута, во редовите на Шкендија беа исклучени Нафиу и Ибраими.

Извор: СпортКлуб.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This