(Видео) Еднаш во илјада години: Heзапаметени поплави во Кина, попуштија неколку брани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централните делови на Кина се погодени од поплави по обилните врнежи, за кои метеоролозите посочуваат дека се најсилни во последните илјада години. Во Луојанг, град со седум милиони жители, се заканува бранење на брана, поради што беше ангажирана армијата.

Најмногу беше погоден Женгжу, главниот град на кинеската провинција Хенан со 12 милиони жители, каде во поплавите загинаа најмалку 12 лица.

Кинеската агенција Синхуа објави дека досега се евакуирани 100.000 луѓе од градот.

Поплавите го оштетија и храмот Шаолин, познат по воените вештини на будистичките монаси.

Бројни поаѓања на возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

Од саботата навечер до вторникот попладне паднаа 617,1 милиметар дожд на метар квадратен, што е скоро на нивото на годишниот просек од 640,8 милиметри.

Браната се заканува дека ќе биде попушти, армијата е ангажирана.

Кинеската војска во вторникот предупреди на непосредната опасност од пукање на браната Jихетан во Луојанг.

Армијата соопшти дека на браната се појавила пукнатина од 20 метри, која дозволува продирање на вода од Жолтата река.

„Браната може да попушти во секој момент“, предупреди војската.

Ангажирани се околу 20.000 припадници на армијата и полицијата да се обидат да спречат нови поплави.

https://twitter.com/rs_sputnik/status/1417723383748440064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1417723383748440064%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs.sputniknews.com%2F20210721%2Fdeo-kine-u-opasnosti-najobilnije-kise-u-poslednjih-hiljadu-godina-preti-pucanje-brane-video-foto-1127588166.html

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This