(Видео) Ексклузивна снимка: Ова се „Тигрите“ на партиска задача во Битола, кои ја легитимираа екипата на Инфомакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ пред малку беше спречен да ја извршува својата работна задача во Битола од страна на припадниците на единицата Тигар за кои предупреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои според неговите наводи се распоредени во неколку градови ширум Македонија на партиски задачи од СДСМ.

Стоилковиќ во своето вклучување во живо открива дека без никаква причина бил запрен и легитимиран од полицајци кои се возеле во џип Ленд Ровер со скопски регистарски таблички.

Полицајците се однесувале дрско и му забраниле на Стоилковиќ да го снима целиот настан.

Инфомакс од вчера вечер е на терен на секаде низ Македонија од каде го следиме изборниот процес и наводите за поткуп, притисоци и закани.

Екипата на Инфомакс во Битола била легитимирани од страна полициските службеници кои ги сподели ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција како вработени во МВР со партиски задачи во Битола.

Се работи за групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението.

Истото го посочи и Микоски кој тврди дека Единицата за брзо распоредување и специјалната полициска единица „Тигри“ се распоредува во три града низ Македонија за да врши притисоци на изборниот ден во недела.

Тој истакна дека под команда на извесен командант Швалер, полицијата се распоредува во Битола во Охрид и во Кочани со цел да ги заплашува граѓаните.

Во оваа битолска група предводена од Васко Ковачевски се и лица од битолското подземје познати како Шваба, Тарзан, Мики и други коишто користат луксузни возила со странски регистарски таблички за вршење на дејноста – заплашување, терор, подмитување, со една цел – задржување на локалната власт од страна на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This