(Видео) ЕК пoтвpди дeкa Македонија мoжe дa гo зaгyби бeзвизниoт peжим пopaди kpиминaлнaтa aфepa „Maфиja“ нa Заев и Спасовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аферата „Мафија“ доби меѓународни пропорции. Издавањето на официјалните пасоши и документи од страна на МВР на светски криминалци, нарко босови, мафијаши и припадници на ИСИС е загрозување на безбедносниот систем на другите земји, а не само на македонскиот. Македонија поради Зоран Заев и Оливер Спасовски стана европски и светски безбедносен проблем.

Последиците од оваа афера може да бидат далекусежни и за Македонија како држава и за нашите граѓани.

Ова на денешната прес-конференција го потенцираше Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Европската Комисија веќе посочи дека нарушувањето на безбедноста на личните документи од вакви размери како што се случи во Македонија со оваа афера Мафија, го загрозува клучниот услов за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на нашата држава. Со други зборови неисполнувањето на овој услов го доведува сериозно во прашање безвизниот режим и слободното патување на граѓаните на Македонија без визи во земји од Европската унија, вели тој.

И таму веќе знаат дека не е возможно босови на турска, италијанска, албанска, црногорска, српска и шпанска мафија да добивале пасоши од обични полициска чиновници од МВР. Некој од високите функционери морал прво да им обезбеди влез во Македонија, бидејќи биле барани на меѓународни потерници, да ги спроведе до полициска станица, да им обезбеди официјални документи со злоупотреба на лични идентитети, матични броеви и потоа да им дозволи слободно да ја напуштат државата и да хараат насекаде по светот.

Срамот и нарушениот углед на државата се само дел од проблемот. Најголемиот проблем е што поради криминално-институционалната спрега во Македонија ќе страдаат и нашите граѓаните, но и стопанствениците кои ризикуваат да го изгубат стекнатото право без визи да патуваат во Европа.

За ова мора да има одговорност како политичка, така и кривична, порача Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This