(Видео) Ерупција на вулканот Синабунг, Индонезија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вулканот Синабунг еруптираше, исфрлајќи пепел и чад 5,000 метри во висина и обвивајќи ги градовите во близина во темница.

Вулканот, кој се наоѓа на островот Суматра има активност од 2010 година и имаше смртоносна ерупција во 2016 година.Активноста на вулканот се зголеми со неколку мали ерупции во текот на викендот.

Сеуште нема повредени или смртни случаи по ерупцијата во Понеделник, но надлежните предупредија за можно истекување на лава и повеќе ерупции.

„Ова е предупредување за сите нас да ја избегнуваме црвената зона близу Синабунг,“ – изјави Армен Путера, член на Индонезискиот центар за вулканологија и геолошки опасности.

Сепак предупредувањето останува на второто највисоко ниво.

Малите села во близина се под слој пепел, додека едно село се обвило во мрак за само неколку минути.

Синабунг стана активен во 2010 година после 400 години мирување.После уште еден период на неактивност, еруптираше во 2013 и од тогаш е константно активен.Во 2016 седум луѓе го загубија животот во една од ерупциите, додека во 2014 година друга ерупција усмрти 16.

Вулканот е дел од „Огнениот Прстен“ – низа активни вулкани кои досега бројат 130 , и поради тектонски поместувања се смета за најактивен предел на Земјата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This