(Видео) ЕУ МУ ГИ ИЗГАСНА ЅВЕЗДИЧКИТЕ: Свитканата кичма на Заев му предизвика диckoпатија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев пред само неколку дена во изблик на самодоверба и дрскост се дрзна да и даде дијагноза на опозицијата и над 400 илјади нејзини поддржувачи, имамaле проблем со душата, срцето и петите рече тој. Причината за ваквиот несолен коментар на Зоран Заев беше датумот за преговори со Европската Унија за кој тој беше „сигурен“ дека ќе го добие, па во негов стил се силеше со „постигнувањата“ .

Откако реалноста како шлепер во обратна насока му светна пред очите, како маче почна да збори за европските ѕвездички во очи на средбата Меркел-Макрон која требаше да ја одреди македонската европска иднина и да обезбеди датум за преговори со ЕУ. Но ѕвездичките му ги изгасна само неколку часа подоцна Макрон со едно големо НЕ за датум, NON на француски.

Македонија не може да ја заборави инфамозната изјава на „муртинскиот цар“ во која тој ја најави промената на името на државата.

-Не верувам дека постои партија во државата што ќе има храброст да разговара за македонскиот идентитет, култура, јазик. Но она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да „свиткаме ‘рбет“, како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните – истакна  Заев пред да стане премиер.

Според него, не е патриот оној што во ова време ги отвора егејското и прашањето за Црквата, туку оној што ќе им обезбеди достоинствен живот на граѓаните. А кога ќе бидеме рамноправна членка на ЕУ и НАТО, е тогаш можеме да отвориме се’ што не’ мачело во минатото – додаде тој .

Епа многу брзо откако тој стана премиер целата македонска јавност ја забележа флексибилноста на неговата кичма и недостаток на образ, па се почна со договорот со Бугарија, продолжи со двојазичност, за да заврши со промена на името.

Kога сме веќе кај дијагнозите, од претерано виткање на кичмата Заев вчера почна да пати од дископатија.

Болките во грбот и реонот на кичмата се редовен проблем на се поголем дел од популацијата. Болките можат да бидат преизвикани од многу причини, но најредовната е дископатијата. Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрилни дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот.

Врвот на дегенарцијата Заев го достигна вчера со вчерашната „cringe“ изјава:

-ЕУ да не ги гаси светлечките ѕвездички кон кои се стремиме, ако ги згаснат, ќе се изгубиме во темното. Европски претставници, бидете наши херои, а не наша пречка. Еве го Октомври, дојдовме и ја чекаме заслужената одлука да почнеме преговори, откако пристапивме искрено и чесно, изјави Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Хан во Брисел.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2182017332090598/

Епа џабе виткање кичма, ти ги изгасија ѕвездичките…

Пишува: М. Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This