(Видео) ЕЧЕШЕ НИKOГАШ СЕВЕРНА: Koмитите и Boјводите не и дадоа на Шекеринска да даде изјава за Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ гласно скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ во моментите кога вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска која им се извини на медиуите коментирајќи дека станува збор за политички мотивиран настан.
Навивачите продолжија да пеат патриотски песни по заминувањето на Шекеринска и придружувани од полицијата влегоа да положат цвеќе.

Кога новинарските екипи ги свртеа камерите за да снимаат што граѓаните им порачуваат на делегацијата, Шекеринска ги праша:

Да, така сметате? Дека е подобро да им правиме малку реклама? Луѓето мислат дека заслужуваат сами да си добијат медиумско време, а не преку нас, рече Шекеринска и одбиваше да даде изјава додека извиците не прекинат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This