(ВИДЕО) ЖИВ ГО ПOГPEБAЛE, БИЛ ВКОЧАНЕТ И НЕ МОЖЕЛ ДА ЗБОРУВА: Мистериозната cмpт на Александар Македонски по 2000 години конечно доби одговор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најчестите кошмари е, наводно да бидете будни, а да ве прогласат за мртов додека всушност сте живи и заробени во своетоп тело.

Cмpттa на големиот војсководец и владетел Александар Македонски е мистерија повеќе од 2.000 години. Дали е yбиeн, oтpуeн? Дали се опил до cмpт, или се разболел од маларија или тифус.

Новата терорија вели дека можеби ништо од тоа не е во прашање, туку нешто многу, многу полошо. Легендата вели дека неговото тело не покажувало знаци на распаѓање цели шест дена по смртта.

На неговите пријатели тоа им било знак дека Александар навистина е бог и херој. Модерната наука вели дека страдал од ретка автоимуна болест која го парализирала и го направила невозможен за комуникација, иако бил свесен целосно за се, така што умрел шест дена подоцна.

Кетрин Хол од факултетот за медицина при универзитетот Отаго на Нов Зеланд вели дека воинот страдал од Гилен – Бареов синдром, нагло пропаѓање и слабеење на мускулите предизвикано од штетата која имунолошкиот систем ја нанесува на нервите, што може да ги објасни сите приказни за неговата смрт.

„Cмpттa на 32-годишниот великан можеби е најпознат случај на лажна смрт, или лажна дијагноза за cмpттa, во историјата, рече таа.

Роден е во Кралството Македонија во 356 година пред Христа, а тронот го наследи кога имаше 20 години. Аристотел го подучувал. Го освои моќното персиско царство, Египет и дојде до Индија. До 25. година владеел со тоа големо, бескрајно различно кралство, на територија на три континенти.

Почина во денешен Ирак во 323 година пред Христа. Запишано е дека имал треска и болки во абдоменот, па наскоро станал толку слаб што не можел да зборува ниту да оди. Меѓутоа, како што истакнува Хол, сите историски извори се сложуваат дека до моментот на смртта бил крајно луциден.

Тоа е, вели, клучот за мистеријата. Веројатно се инфицирал со бактерија од споменатиот синдром.

„Сум видела можеби десетина случаи на овој синдром, а само кај таа болест сум забележала потполна парализа, но недопрени ментални способности“, вели таа.

„Неговиот вид веројатно бил заматен, и можеби во еден момент на низок крвен притисок паднал во кoмa. Сепак, постои голема шанса да бил свесен за својата околина дека барем можел да слуша. Можел да ги слушне како се караат околу тоа како ќе го подeлат царството, дека доаѓаат египетски експерти за балсамирање и како ќе ја почнат работата“.

Тогаш cмpттa, вели докторката Хол се дијагностицирала повеќе со здив отколку со пулс, а ако бил парализиран неговото дишење било плитко, а зениците фиксирани.

Фактот дека не се распаѓал не било божествена интервенција, туку просто резултат на тоа што се уште не бил мpтoв.

„ГБ синдромот единствено ги поврзува сите точки во една смислена целина, и објаснува се за неговата cмpт. За жал, тоа засега останува недокажливо, така што мистеријата продолжува да живее“, вели Хол.

Курир.рс/Експрес.хр

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This