(Видео) Житeлитe oд нaceлбaтa Влае вo cтpaв: Билe ceкcyaлнo вoзнemиpyвaни oд oвoj чoвeк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На фејсбук се споделуваат видеа и фотографии за кои се тврди дека се направени во скопската населба Влае, со обвинувања дека лицето од снимките ги набљудувал и вознемирувал жителите во населбата.

„Во петокот од 19 до 23:00, на улица Иван Цанкар во Влае е забележан манијак (можете да го видите на приложените видео снимки), кој во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор жителите на ул. Иван Цанкар. Ве молам доколку забележите некој кој сомнително се однесува или имате информации за слични вознемирувања, пријавете во Полициска станица Карпош 072 334 411 или на 192; Случајот е пријавен во петокот во Министерство за внатрешни работи“, стои во фејсбук објавата.

„На првото видео манијакот можете да го видите после 10тата секунда и во второто видео се гледа како бега 2 мин. после тоа, откако жителите кои биле вознемирувани бурно изреагирале. Инаку времето на видеото е цел час понапред, така да снимката се однесува на времето околу 23:00 во петокот“, пишува вознемирена жителка од Влае.

Од полицијата, за Слободен печат, информираат дека трагаат по лицето и работат на расчистување на настанот.

Видео линк 1

Видео линк 2

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This