(Видео) ЗАБPAНЕТО Е ДА МУ СЕ ПРИБЛИЖИTE: Ова езеро го следи необична легенда а за мештаните е спас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Езерото кое се создадало по вулканска ерупција пред 2.000 години, Машу или Машу-ко е, наводно, најчисто во светот.

Во зависност од денот, видливоста достигнува до 20, 30 метри. Сместено е на островот Хокаиду, северна Јапонија, во Националниот парк Акан-Машу.

Јапонците веруваат дека предците на Аинуи го сметале за свет. Оваа енигматична нација беше изолирана географски, јазично, но и расно – тие имале скоро европски карактеристики.

Некои научници тврдат дека нивните предци биле самураи. Со текот на времето, тие се асимилирале во јапонското општество, така што ни тие не знаат доволно за своите корени.

Светото езеро е опкружено со густа магла и 200 метри кратер кој стрмно се влева во водата. Посетата на езерото беше строго забранета од јапонското Министерство за животна средина од безбедносни причини, како поради непристапноста на теренот, така и за зачувување на чистотата на водата.

На јазикот на Аину, Машу се нарекува и „Езеро на боговите“. Некои Јапонци веруваат дека дух на жена живее на дното.

Мештаните веруваат дека кога некој поминува низ тежок период, треба да се приближи што е можно поблиску до езерото, со надеж дека ќе добие инспирација за решавање на проблемот.

Според легендата, секој кој ќе здогледа одраз во водата, што е тешко, заради постојаната и густа магла, ќе го следи несреќа.

Со длабочина од 212 метри, тоа е една од најдлабоките во Јапонија. Езерото остана недопрено бидејќи нема ниту притоки, ниту извори, туку само „стои на самото место“ и привлекува туристи со својата мистерија и убавина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This