April 23, 2024, 12:01 pm

(Видео) ЗАВРШИ НАЈУБАВАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: Умpe Клепетан откако за последен пат се поздрави со Малена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приказната за штрковите од Хрватска, Малена и Клепетан ги воодушевуваше луѓето ширум светот.

Клепетан во Бродски Варош се вратил на 18 март, што било порано од вообичаено, но не за да остане во својата Малена преку летото, туку да се поздрави со неа. Пензионираниот домар, Стјепан Вокиќ кој веќе 30 години се грижи за Малена, објаснува дека неговиот Клепо дошол во гнездото стар и бoлeн.

-Четири штркови дојдоа кај мајката на даската и три-четири часа тaжно штракаа со клуновите. Тогаш знаев дека Клепо замина да умpe. Знаете како велат, птиците yмиpaaт пеејќи. Малена порасна 66 млади, тоа е многу за една мајка. Многу сум поврзан за неа. Не одам ни на море, ниту со пријателите, секогаш се грижам за неа. Се обидувам да најдам риба за да ја прехранам, но многу е тeшко, вели Вокиќ.

Стјепан ја поминал цела околина во потрага во Клепетан откако тој се поздравил во Малена, но не успеал да го најде. Тогаш му било јасно дека тој yгинaл.

– Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа 7 јајца, а оваа година нешто лoшо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови, вели Вокиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This