(Видео) ЗAГAДУВАЊЕТО НАЈМАЛА ГPИЖA: Само во Ѓорче Петров ќе се градат 100 нови згради

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје како што се ближи зимата не се тргна од листата на 20-те најзагадени градови во целиот свет, а општина Ѓорче Петров е во топ 3-те најзагадени општини на ниво на градот, токму поради оваа причина Александар Митовски му посочи на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски дека со најновиот детален урбанистички план се дозволува изградба на нови 100 станбени објекти во општината. Потоа тој постови прашање до него и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски со која логика е дозволено вакво нешто имајќи го во предвид декларативната заложба на власта за борба со загадувањето.

Наумовски не дочека да биде довршено прашањето и истакна дека половина од маркиците за изградба на станбени проекти веќе биле зацртани во ДУП-от, претенжно на улиците „Кичевска“, „Ибе Паликуќа“ и дело од улицата „Манчу Матак“ каде што веќе има постојни згради.

-Делот каде што планираме развој и мора да има таков развој е делот кај „СП Планет“ и првата линија на Хром која што е по градот, тоа го разговаравме и во транспорт се градски регулациони линии кај што е дозволена градба. Вие го имате карши Хром, Порта Влае мора да имаме и од другата урбан развој за да имаме хумано живеење. Делот кај што се предвидени згради е пред училиштето „Кочо Рацин“ каде што знаете и вие дека живеат луѓето во субстандарди, самите луѓе ни инсистираат за тоа бидејќи немаат можност, немаат детален план, таму се по пет-шест фамилии, знаете јас сум роден тука кај паркот. Тука е предвиден развојот истакна тој.

Сугаревски посочи дека министерството за транспорт и врски не може, а да не даде согласност ако ДУП-от е усогласен со урбанистичкиот план и правилниците кои се за стандардизација и нормативи.

-Прво да информирам дека носители на деталните урбанистички планови се општините. Конкретно во случајот на општината Ѓорче Петров, знаете дека по добивањето на правењето на деталниот план прво оди во Град Скопје, па потоа оди на согласност во министерството за транспорт и врски, потоа оди на гласање во советот на општината. Министерството за транспорт и врски од аспект што значи детален урбанистички план, разгледува дали е во согласност со генералниот урбанистички план и ги гледа правилниците кои се за стандрадизација и нормативи и само тој аспект ние го гледаме. Другиот аспект си е на општината вели Сугаревски.

Наумовски за крај додаде дека не е точно дека воздухот во општина Ѓорче Петров е најзагаден бидејќи мерните станици кои граѓаните ги гледаат се приватни.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This