(Видео) Загина жена на познатата плажа што се наоѓа до писта на Карибите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу туристи ја посетуваат познатата плажа Сент Мартин на Карибите која се ноаѓа на само неколку метри од пистата.

Иако многумина не се осудуваат да ја посетат оваа плажа при полетувањето на авионите, други само поради ова доживување патуваат на овој остров. За жал, беше прашање на време кога таквото ризично однесување ќе однесе нечиј живот.

(На видеото е прикажано што се случува на плажата кога полетува авион, а не трагедијата во која загинала жената)

Трагедијата се случила на аеродромот „Принцез Џулија“ кој е познат по тоа што се наоѓа на само неколку метри од морето.

Полицијата објави дека  57-годишна жена од Нов Зеланд, која се држела за оградата додека авионот полетувал, се пуштила од оградата и се здобила со тешки повреди. Жената била пренесена во болница, но починала.

Директорот на туристичката организација на островот, Роландо Брисон, рекол дека разговарал со семејството на загината жена.

„Денес се сретнав со семејството на жртвата. Знаат дека тоа што го наравила било погрешно, затоа што има знаци со предупредување и жалат што таквото однесување резултирало со трагедија“, рекол тој.

Авионот кој полетувал во тој момент бил „боинг 737“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This