March 29, 2024, 12:29 pm

(ВИДЕО) Заеви пакуваат куферите, купуваат куќи во Грција, а фирмите ги селат во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоиловски денеска на прес конференција кажа дека Зоран Заев нема одговор за селењето на бизнисите на кланот Заеви во Бугарија!

Заеви веќе имаат отворено најмалку пет компании во Петрич, Благоевград, на иста адреса, а две од нив се основани откако во јавноста почна да зборува за масовното рекетирање. Зоран Заев и неговите братучеди го вадат капиталот од Македонија и купуваат имоти во соседните Бугарија и Грција, истакна Стоилковски.
Тој смета дека Заев и како што вели, неговиот клан соочени со изборниот пораз, но и со најавата дека секој што се занимавал со политика ќе мора да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство, го вадат капиталот на кланот Заеви надвор од Македонија!

„Зоран Заев мора да одговори дали со братучедите, а соочени со изборниот пораз се подготвуваат за бегство од Македонија! Отвораат фирми во Бугарија, но и купуваат куќи и имоти во Грција! Бобан Заев, братучедот на Зоран и Вице Заеви, купил нова голема куќа на грчкиот брег“!, соопшти Стоиловски.
Тој покажа и еден фрагмент од договорот за куќа на грчкиот брег, сопотписот на Бобан Заев кој што стои на третата страна од целиот договор!

„Зоран Заев мора да каже дали позади купувањето имоти на грчките плажи и префрлањето на бизнисите во Бугарија, зад потписите на неговите братучеди, стои лично тој, Зоран Заев“? Дали планира бегство од Македонија? Дали планира сокривање на својот капитал и дали планира сокривање на потеклото на тој имот, согласно најавите од ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа?праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоиловски наведе и дека : Заеви во Бугарија веќе имаат најмалку 5 компании „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“, а по отворањето на скандалот „Рекет“ во јавноста, Заеви ги отвораат „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“. Двете последни со потписи на братучедите на Заеви, на иста адреса како и претходните, во Петрич, соседна Бугарија. Двете последни фирми, се јавуваат како сопственици на најмалку две фирми во Македонија, а во другите фирми се јавуваат како малцински акционери.

Зоран Заев до сега не одговори ниту еднаш на прозивките дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство. ВМРО-ДПМНЕ во програмата „За обнова на Македонија“ се обврзува на еден од основни носечки проекти во делот на борбата против криминалот и корупцијата, а тоа е усвојување на Закон со кој што ќе се испита потеклото на капитал на сите луѓе кои што се занимавале со јавниот живот во изминатите 30 години. „Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминалот и корупцијата, а СДСМ со Заев покажа дека можат само повеќе криминал, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе срам! Исправи се Македонијо, одбери Обнова“, порача Стоиловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This