(Видео) Заев го амнестираше Ден Дончев, директорот на најбогатиот државен ФОНД – ФЗОМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Срамна е одлуката на Обвинителството за организиран криминал и корупција споделена во медиумите, срамно е за обвинителите кои се прогласија за НЕНАДЛЕЖНИ за постапување по видеото на кое што се гледа Ден Дончев, директорот на најбогатиот државен ФОНД – ФЗОМ каде што тој зема пари и ги става во чанта!

Ова е одлука со која што Зоран Заев го амнестира Ден Дончев!

Ова е доказ за обвинителството во пупка кое што работи исклучиво по политичка нарачка, пупка во која што ги штитат луѓето на Заев и неговите муртински врски!

Тоа биле, внимавајте, нецелосни снимки и претпоставки! И толку од Обвинителството?

Се работи за човек, близок до Зоран Заев, за кој што во обвинителството има неколку пријави. Се работи за човек кој што веќе има процес за „Рекет 2“, човек за кој што има процес за вмешаност во меѓународен скандал за рекетирање! Човек што одеднаш има „семејни причини“ за повлекување од очи на јавноста. Ама за обвинителството нема причини да се отвора предмет, да постапува самостојно по ВИДЕО јавно објавено, во кое истиот човек зема снопче пари и ги става во чанта!?

Наместо да ја исполнува својата должност, да отвора предмети по допрен глас, Обвинителството се претвори во извршител на нарачките и се претвори во ФИОКА, во која што треба да застарат или воопшто да не се спроведуваат предмети кои што се поврзани со Заев и неговата забегана банда!

Обвинителството за организиран криминал се претвори во одбрана на организираниот криминал! Наместо бранење на јавните интереси и борба со криминалот и корупцијата, ова обвинителство стана синоним на заштитувач и со тоа поттикнувач на криминалот и корупцијата!

Ова е резултат на лагите на „реформаторот во правосудството Зоран Заев“, ова е резултат на колапсот на правдата, ова е резултат на хибридниот режим, доказ за девастиран систем далеку од подготвен за ЕУ!

Цел свет го гледа Дончев како става пари во чанта, ама Русковска и Јовески тоа не го гледаат!

Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!

Сега Заев го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат!

Цел свет гледа и слуша како се рекетираат фирми и како за рекет се злоупотребуваат полиција, финансиско разузнавање, како муртинската врска е најсилниот рекетарски момент, ама Русковска и Јовески не гледаат случај!

Тоа е тоа Луј Витон судство и обвинителство, тоа е тоа „Трас Трас“ судството и обвинителство во пупката на Зоран Заев!

Русковска и Јовески се исполнители и марионети на рекетарското СДСМ, тие се марионети во рацете на криминалот и корупцијата. СДСМ покажа дека единствено што можат повеќе – е повеќе криминал, повеќе корупција и повеќе порази и повеќе девастации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This