(Видео) Заев гo плaши нapoдот: Нajaвyвaм „Game change”, на само чeкop cмe низбpдo дo kpизa кaкo вo 2001 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се заканува ли премиерот Зоран Заев со нови немири во Македонија? Ваква дилема се отвори по вчерашниот настап на првиот човек на СДСМ на митинг во Скопје на кој јасно порача оти „или ќе бидат сите среќни или ќе нема среќа за никого“.

„На само еден чекор сме низбрдо, дали во 2006 година или во 2001 година и повторно да сме во кризи. Ништо не е потешко од последниот центиметар до целта. Сме имале бројни препреки и закани по живот, но на еден центиметар до врвот имаме најмногу комоција, но на таа точка нема да се лизнеме“, рече Заев на граѓанскиот собир „Обединување за Скопје“.

Се чини дека премиерот гласот на народот го слуша само кога се избори. Тој по дебаклот во првиот круг на локалните избори, лидерот на СДСМ најави реформи во партијата и поголема отвореност за граѓаните – промена која рече ќе се имплементирала веднаш. Казната од народот е јасна, призна Заев и рече оти повеќе нема да има повторување на истите грешки.

„Оваа опомена која ни ја додоа граѓаните ќе се рефлектира и врз работата и на општинските и на централните инситуции и на Владата. Ние немаме што друго да кажеме на граѓаните освен благодариме, примено, постапуваме. Не следниот мандат, не од локалните избори, не од наредниот понеделник, туку веднаш“, рече Заев веднаш по првиот круг од локалните избори.

Заев најавуваше реконтрукција на владините министри и високи функционери уште во април 2019 година, помеѓу двата изборни круга од претседателските избори. Тогаш тој зборуваше за голема чистка во Владата посочувајќи оти никој немало да биде поштеден.

„Имаме слаби функционери на одредени места кои што треба да ги помениме, за да дојдат нови, а не дали се тоа од СДСМ или од ДУИ“, рече Заев во мај 2019 година.

Инаку иако Заев пред локалните избори прогнозираше победа во 22 општини за СДСМ, а само шест за ВМРО – ДПМНЕ по првиот изборен круг, но резултатите покажаа дека опозициската Коалиција освои 22 градоначалнички места, а СДСМ само девет.

Извор: alfa.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This