(Видео) Заев давал насоки на советниците од СДСМ во Тетово за ШИК Јелак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев јавно потврди дека им давал насоки на советниците од СДСМ во Тетово да гласаат за бизнисот на контроверзниот инвеститор Дака Давидовиќ тежок 200 милиони евра. Лично тој дал зелено светло за новиот детален урбанистички план кој вклучува изградба на 30 згради. „Јас сум мотиватор да се носат урбанистички планови, советниците на општина Тетово ја консултираат централата и да, насоката беше да гласаат како што гласаа и другите од мнозинството – вака одговори Заев во изјава за медиуми, прашан, за скандалот ШИК Јелак.

Од најголемата опозициска партија сметаат дека ова е скандал со кој контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, со пари од оф-шор фирма од Панама,добива градежен имот во Тетово.

ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички УВИД во предметите во ЈО. Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара. Или мафијата или Македонија – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Аферата со ШИК Јелак и поврзаноста на црногорскиот бизнисмен со македонските власти ја отвори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој потсети на разговорите кои одекнаа во јавноста во предизборниот период во кои наводно се слуша гласот на Дака и осудениот во Рекет, Зоки Кичеец. Во овие аудио материјали се споменува името на премиерот Заев, но и на генералниот секретар Драги Рашковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This