(Видео) ЗАЕВ ЗА АЛФА: Присвојувавме светска, балканска и туѓа историја и ја претставуваме како своја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.

-Во минатото со обидот да се промени и извитопepи целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи со кои сме опкружени и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – изјави Заев.

Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека нашата земја има намера да ги исполни сите обврски.

-Во самиот договор има услови ако една од страните не ги исполни своите обврски, како постапува другата страна. Но, нашата намера е да ги исполниме сите обврски, секако или како две страни во договорот, но истовремено да гледаме уште повеќе напред од овој договор, вели премиерот.

Заев за грчка Алфа: Со години крадевме туѓа историја и се скаравме со сите соседи

Заев за грчка Алфа: Со години крадевме туѓа историја и се скаравме со сите соседи

Posted by Press24.mk on Sunday, July 21, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This