(Видео) ЗАЕВ КАКО ВО БУНKEPOТ НА ХИТЛEP: Шекеринска и компанија се наредија на Илинденска, премиерот го нема никаде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлична историска паралела може да се повлече помеѓу последните денови на Зоран Заев и лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер кој последните денови од своето владеење ги помина забарикадиран во букер криејќи се од очите на јавноста. 

Човекот кој не пропушташе шанса да се фотографира и снима, Зоран Заев по дебаклот во Брисел не може да се најде никаде. Ги нема ниту неговите Фејсбук и Твитер статуси, ги нема ниту неговите несолени изјави, широка насмевка и оптимизам, со други зборови Заев го нема нигде.

За разлика од него во Владата се наредија речиси сите министри, а само последниот кој го забележа нашата камера беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска која си замина од Влада, а неа ја замени пратеникот Мухамед Зекири.

Граѓаните се гневни на власта, социјалните мрежи прегреаа со барања за оставка на Зоран Заев. Поминаа речиси еден ден откако стана јасно дека датум за преговори нема да има. Заев ветуваше датум за преговори, а доколку тоа не се случи велеше дека Владата ќе е мртва. Датум нема, а веќе смрди на „умрено“, се чека само „доктор“ Заев да го одреди времето на смртта.

Заев како во бункер, Шекеринска си замина пристигна Мухамед Зекири

Заев како во бункер, Шекеринска си замина пристигна Мухамед Зекири

Posted by infomax.mk on Friday, October 18, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This