April 24, 2024, 12:41 am

(Видео) Заев: Рeшивме пет исторички личности со Бугарија, ќе го peшиме и Гоце Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту се европски, ниту добрососедски предлозите од Бугарија. Ако нашиот сосед не го смени ставот, тогаш мораме да бидеме подготвени дека нема да се одржи ниту првата меѓувладина конференција Скопје – Брисел, закажана за декември. Ова е оценка на премиерот Заев по билатералните средби на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во Бугарија, пишува 24мк.

За Заев средбата со бугарскиот премиер Борисов поминала добро, додека средбата со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева не баш најдобро. Македонскиот премиер Заев е оптимист и дека Комисијата за историски прашања што треба да се сретне деновиве ќе најде компромис и за Гоце Делчев.

„Јас верувам дека тоа не е став на премиерот Борисов, мојот пријател и брат, верувам и дека тоа не е став на бугарскиот народ. Ние ќе направиме сѐ во овие претстојни денови да изнајдеме решение. Но дефинитинвно знам дека јас и Бојко ќе изнајдеме решение на ваквите прашања, заради тоа што решивме пет исторски личности, и постојат записници за нивно заедничко чествување, или три историски периоди, и посотјат записници за нивно заедничко чествување. Верувам овој следен, четврти, ќе го“, изјави Заев.

Со сличен став и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Тој од Прилеп, порача дека никој нема право да се меша во правото на самоопределување, а без елементарна почит нема ни пријателство.

Реакциите од македонска страна доаѓаат по острите изјави на Захариева, според која државата треба да ја признае историската реалност, поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет.

Премиерот Борисов пак очекува компромис меѓу Скопје и Софија до 10-ти ноември, кога треба да се одржи Берлински процес на кој копретседавачи се Македонија и Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This