(Видео) 3aeв, Филипчe и Пендapoвски едноглacно: Ситyaцијата е cepиозна, но има ycлови за пpeдвремени лoкaлни избopи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако централната тема на прес конференцијата на Зоран Заев, Стево Пендаровски и Венко Филипче, по завршувањето на седницата на Советот за безбедност беше сериозната на ситуацијата со коронавирусот во Македонија, претседателот, премиерот и министерот за здравство се едногласни кога станува збор за предвремените локални избори во Штип и во Пласница.

-Мислите дека во оваква ситуација би требало да се одржат предвремените локални избори во Штип и во Пласница, запраша, уредникот на Инфомакс, Алекснадар Митовски.

-Ние со протоколот кој што го дадовме до Државната изборна комисија на барање на претседателот  Пендаровски за одржување на избори. Мислам дека се направи еден навистина солиден добар протокол. Тој протокол во една прилика го побараа и црногорските здравствени власти и немаше никаков проблем од спроведувањето на изборите. Се почитуваа протоколите, немаше детектирано, ниту пријавено, ниту еден заразен, практично случај на трансмисија на вирусот. Тоа се истите оние протоколи на спроведување на настани во затворени простории. Ако политичките партии се придржуваат до протоколите во однос на спроведување на кампањата, мислам дека нема никаква пречка, вели Филипче.

Заев „шеговито“ даде одговор дека СДСМ треба да победи и во Штип и во Пласница, односно дека изборите треба да се одржат.

-Прашањето беше дали и во вакви услови треба да се одржат избори во Штип и во Пласница, да треба да победиме, односно да треба да се одржат изборите во Штип и во Пласница затоа што навистина здравствените протоколи се осигурани и јасно прецизирани. Еднаш веќе поминавме низ изборите и верувам дека во вакви околности почитувајќи ги експлицитно здравствените протоколи можат да се одржат изборите во Штип и во Пласница, изјави тој.

И претседателот на Република Македонија е согласен дека на 13 декември треба да се одржат предвремените локални избори.

-Да го дополнам ова што го вели Заев и Филипче бидејќи бев домаќин на неколку средби од тој профил каде се разговараше кога и под кој услови би ги одржале изборите. Ако можевме на 15 јули во време на пандемија да организираме избори на кои излегоа близу 1 милион гласачи, логично ми е следејќи ги истите протоколи да организираме за 10-15 пати помалку потенцијални гласачи во Штип, изјави Пендаровски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This