(ВИДЕО) ЗАЕВ ЌЕ ГИ УКИНУВА СУБВЕНЦИИТЕ:Големите производители Заев ќе ги наградува на грбот на помалите.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како и за многу други работи, Зоран Заев после изборите ја промени политиката и за земјоделците. Откако се смести на главното столче во Владата, Заев- кој претходно ја разбираше маката на земјоделците, одеднаш ја заборави и во целост ги запостави нив и нивните субвенции.

Предизборните ветувања на СДСМ во кои се тврдеше дека доаѓа животот за сите сега не важат. Со новиот начин на субвенционирање земјоделците кои остваруваат помало производство ќе бидат казнети без субвенции, додека големите производители Заев ќе ги наградува на грбот на помалите.

Тој, отворено изјави дека на земјоделци треба да им се каже дека нема да им бидат дадени субвенции.

-Има работи на кои мора да се насочиме и однапред да им кажеме на луѓето- ќе добиеш субвенција ако го зголемиш производството за 10%. Треба да им кажеме дека оваа година немаш бе брат субвенции, оти си на исти обем на производство од лани, истакна Заев на 16.09.2017.

Само за потсетување- за да придобие гласови, Заев на земјоделците во предизборието им се претстави како човек кој ја разбира нивната мака.

-Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака, истакна Заев пред изборите на 28.11.2016.

Како и многу пати до сега, така и овој пат, Зоран Заев ги излажа граѓаните.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This