April 25, 2024, 11:28 am

(Видео) ЗАНАЕТЧИИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО CEPИОЗНИ ПPOБЛЕМИ ПОРАДИ СВЕТСКАТА ПАНДEMИЈА: Бараат пomош од државата во спpoтивно оваа стопанска гранка ќе колабиpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не смее да дозволи семејните бизниси да престанат да функционираат, токму тие се најпогодени од актуелната криза, и за жал за нив има најмал број на мерки за помош од државата.

Колку за пример на 29 илјади вработени во угостителството им се закануваат откази, економските оператори сметаат дека со досегашните мерки на Владата ситуацијата е безизлезна, прашањето е што понатаму.

„Инфомакс патролата“ денес ја посети Занаетчиската комора на Град Скопје каде разговаравме со извршниот директор на комората, Анета Атанасовска за актуелната состојба со коронавирусот и како светската пандемија се одразува на занаетчиите и малите бизниси.

Таа истакна дека целиот занаетчиси сектор е во криза како резултат на епидемијата на коронавирусот во Република Македонија бидејќи нема никаква побарувачка на производи и услуги, се е стопирано, занаетчиите ставија клуч на врата, вели Атанасовска.

-Не сакам некој да испуштам. Навистина секој сектор, буквално се наоаѓа во криза заради самата ситуација во која што се наоѓаме, додаде таа.

Првичната мерка од Владата која ја бараат занаетчиите за спас на бизнисите е субвенционирањето на платите и придонесеите.

-До министерот за економија и вицепремиерот за економски прашања поднесовме сет на мерки во кој што едноставно бараме првична мерка, ослободување од плати и придонеси бидејќи со тоа основно би ги спасиле занаетчиите во услови на криза, затоа што тоа е основниот приход и егзистенција која што сега во моментов е сопрена поради овие моменти на епидемија на КОВИД 19.

Занаетчиите се физички лица кои што вршат занаетчиско производство, услуги и како такви не можат да аплицираат за кредитите на македонската банка за обнова и развој, вели Атанасовска.

Атанасовска посочи дека за жал занаетчиите нема да бидат ниту ослободени од плаќањето на кредити и обврски во овие услови на криза.

-Со шифрите на дејност кој се објавени во јавните повици, точно е прецизирано кои дејности се прецизирани по НКДП и занаетчиите не се влезени, се надеваме дека со вториот сет на мерки ќе ни бидат земени во предвид барањата и дека занаетчиите ќе бидат финансиски потпомогнати во овие услови на криза.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/197547668202763

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This