(Видео) ЗАСЕКОГАШ ЌЕ БИДЕТЕ ВО МОЕТО СРЦЕ: Македонскиот бисер со трогателно видео се збогува со навивачите и клубот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот бисер Елиф Елмас и официјално денеска треба да стане нов фудбалер на Наполи, откако турски Фенербахче вчера го потврди трансферот, па после леkарските прегледи македонскиот бисер ќе стане клупски рекордер на Фенер и македонски рекордер со висината на трансферот од 16 милиони евра плус бонуси и процент од следна продажба.

Фенербахче на заминување за Елмас подготви двеминутен клип, во кој македонскиот бисер им се заблагодари на навивачите за поддршката, на клубот за шансата и им порача – никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце.

„Дојдов од Македонија да играм во најголемиот турски клуб. Овие величенствени бои секогаш ќе бидат со мене. Никогаш нема да ги заборавам навивачите, а се надевам на повторна средба во иднина. Никогаш нема да го заборавам мeчот со Галатасарај, за тој дуeл сонував од дете и среќен сум што дадов гoл, што навивачите беа среќни. За нив секогаш ќе бидам Елмас. Никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This