(Видео) ЗА КАТЕРИНА БЛАЖЕВСКА ИНТЕРЕСИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ НЕВАЖНИ: Важно е СДСМ да дојде на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игнорирањето на изборната волја на мнозинството Албанци во 2006 година беше реален проблем и предизвика криза. Според Бујар Османи од ДУИ мора да се смета на истото доколку биде игнорирана и волјата на мнозинството Македонци изразена на декемвриските избори.

blazevska-osmani

Само за новинарите и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос не е проблем да не се почитува гласот на мнозинството Македонци.

– Пред да ме прашате мене зошто бевте со ВМРО сиве овие години, ајде да се прашате себеси како ние го избравме ВМРО сиве овие десет години да биде убедливо победничка партија во Македонскиот блок и тоа неможе да се негира како јасна волја на Македонската етничка заедница. Непочитувањето на волјата има ризик за дестабилизација на државата, објаснува Османи.

Тој надополнува дека:

– ‎2006-2008, Владата ВМРО-ДПА не издржа ни две години затоа што ДУИ тоа не го дозволи, затоа што Албанците беа толку гневни дека некоја Македонска политичка партија излезе и кажа дека нема да биде во Влада тој што вие го избравте туку тој кој јас го преферирам. Вриеше во Албанскиот блок, вриеше во ДУИ, таа Влада не издржа ни 18 месеци, со максимални напори на меѓународната заедница.

Тој оттука заклучува:

– Мислите дека ние не размислуваме што ќе се случи , ако истото се случи сега, како ќе реагира македонскиот народ на непочитувањето на нивната волја? Како ќе реагира ВМРО-ДПМНЕ? Значи и тие ги ставаме во делот на аргументацијата.

Опозиционерката Блажевска, поради гнев од ваквите анализи на ДУИ со цинизам реплицираше дека партијата ја релативизира реалноста.

– Ова е  врвот на демагогијата вечерва што го кажувате. Вие се загриживте за македонските гласачи, ако вие не направите коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This