(Видео) За секоја жpтва од кopонавирусот одговорна ќе си биде Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредната состојба не беше поради високите бројки туку да и се овозможи на Владата да носи одлуки посочи претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски одговарајќи на прашање на Инфомакс. Тој потенцираше дека Владата со него споделила информации дека ги има акумулирано сите потребни медицински помагала, средства во буџетот за престојниот период и нема потреба од продолжување на вонредната состојба. Со други зборови во ситуација кога Владата не побара од него да биде продолжена вонредната состојба, тој не гледа причина истата да биде породлжена.

-Претседателе Пендаровски ќе може ли да ми ја кажете логиката позади вашата одлука да не се продолжува вонредната состојба. Вие донесовте одлука за вонредна состојба во ситуација кога имавме десетици заболени, а сега имаме 100-тици. Од друга страна имаме ситуација во која што и претседателот на ДИК, вели дека 35 илјади луѓе од администрацијата кои што треба да ги следат изборите се во ставени во потенцијална опасност на денот на изборите да бидат заразени. Што се однесува на изборите, се уште нема доставено официјално барање до ОБСЕ за набљудувачка мисија во Македонија. Кога тоа ќе се спроведе и дали воопшто може без набљудувачи да има фер избори во Македонија, гласеше прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

-Ниту една од претходните 4 вонредни состојби не беа донесени поради бројката на заразени и починати лица туку беа бидејќи немаме парламент да и се овозможи на Владата да носи мерки во економско-социјалната сфера и во здравствена сфера. Јас реков според информациите од Владата во изминатиот период тие успеале да ги пополнат сите залихи сите магацини со неопходната медицинска заштитна опрема, нивна информација. И во изминативе месеци со тие таканаречени три сета на финансиски мерки, тие тврдат дека имаат финансиско покритие во буџетот актуелен да ја покријат сета помош која треба да оди до мали средни препријатија до сите граѓани кои останаа без работа, одговори Пендаровски.

Сепак се поставува прашањето дали може на Владата да и се верува имајќи ги во предвид информациите дека има низа потфрлања во нивните проценки почнувајќи од бројката на заразени и контролата над пандемијата, се до ребалансот на буџетот во кој се направени погрешни проценки уште за првиот месец.

Имено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека и по направениот ребаланс на буџетот направени се потфрлање во наплата на даноците од неколку милиони евра.

-Но за да ја докажат некадарноста, неподготвеноста и би рекол неспособноста ќе истакнам уште еден параметар. Во месецот кога го правеа ребалансот, во месецот кога ги имаа сите податоци на располагање, тоа е месецот мај, предвидоа дека во истиот тој месец откако ќе се случи ребалансот ќе успее УЈП да собере нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, а како што кажав успеале да соберат под 4,5 милијарди денари. Или во месецот кога е правен ребалансот на буџетот потфрлањето, неспособноста и некадарноста на раководните лица во УЈП и министерството за финансии е толку големо што и тука прават грешка од повеќе од  2 милијарди денари, истакна тој.

-Токму ова ве прашав ако ние имавме во време на вонредна состојба помали бројки, а сега велите дека од Владата ве убедуваат дека се подготвени, бројките кажуваат декна не се подготвени. Како се подготвени ако имаме поголеми бројки,  гласеше потпрашањето на Митовски.

-Зошто им давам вонредна состојба до сега. Нема парламент и треба. Една позиција од буџетот кој е планиран во мирнодобско време сега од една позиција на друго место да се префрли. Тоа се прави со закон немаме Собрание, јас давам вонредна за да можат да се пренаменат средства. Задолжување пред странски кредитори се прави закон во парламент, немаме парламент. Јас давам повторно вонредна за тоа да може да се случи.

Пендаровски немаше информации дали е поднесено барање до Владата за странски набљудувачи на изборите.

-За ОБСЕ немам никакви информации дека е поднесено барањето. Имаше информации дека денеска утре би можело да биде тоа поднесено бидејќи министерството за надворешни работи е задолжено да побара посматрачка мисија и тука има разни шпекулации за тоа колку време реално во време на пандемија им е потребно на ОБСЕ/ОДИХР да покријат избори, додаде тој.

Како и да е Пендаровски не очекува мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да го има истиот капацитет како лани

-Јасно е дека и лидерите се согласуваа дека не можеме да очекуваме во време на светска пандемија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде иста како лани, вели претседателот.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/545410179486723

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This