March 28, 2024, 12:06 pm

(Видео) Заeв и Битиќи извpшиja yвид: Вeвчaни дoби туpистички цeнтaр по нajвисоки cтaндaрди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев заедно со вицепремиерот Битиќи и со градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски, денеска извршија увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани.

„Навистина е чест и задоволство, надополнети и со чувство на гордост, кога сте дел од проекти и иницијативи кои се реализираат со силна определба за одговорност кон граѓаните, со почит кон традицијата и минатото и со потенцијали за идни придобивки од суштинска важност за граѓаните и за заедницата. Таков проект, кој ги обединува сите овие фактори, е Туристичкиот центар „Вевчани“. Центар каков што би посакале и најмодерните европски општински средини“, истакна премиерот Заев во изјавата по повод настанот.

Туристичкиот центар „Вевчани“ е модерен мултифункционален објект чија корисна површина е 1400 м2, опремени се голема конгресна сала, неколку сали за семинари, музејска просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје Споменик на природа „Вевчански извори“ и планината Јабланица, со инфо центар, продавница за сувенири, отворена галерија за промоција на богатото културно наследство на Вевчани, со опрема за функционално уредување на мултимедијален туристички центар и за дизајнирање и печатење на промотивни материјали, како и простории со други придружни содржини како што се фитнес и бодибилдинг сала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This