(Видео) Зврлевски вмешан во местенка на полицаец кој одбил да послуша нeзakонска наредба и за тоа добил 15 kpивични пријaви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната емисија на Тешки муабети, на Инфомакс, Палевски, Милошевски и Митовски зборуваа за разрешениот Марко Зврлевски кој е вмешан во незаконско постапување против полицискиот службеник Ацо Балтовски, кој е обвинет дека вербално и физики нападнал свој колега. Ацо Балтовски е полицискиот службеник кој постапи спротивно на незаконските наредби на сегашниот началник на СВР Струмица, Танчо Пројковски за поднесување на кривична пријава против три медиуми. Пројковски за време на изборите го притискал Балтовски да поднесе кривична пријава против Митовски, Марјан од порталот Доказ и уште еден сопственик на медиум за наводно објавување на службена белешка којашто нотира поткуп на гласачи во Струмица и струмичка.

„Документиран, снимен со камера беше Лазо Долгиот како дели поткуп за гласови. Снимен со камера и објавен на сите медиуми. Полицијата дошла, направила записник, записникот другиот ден го објавиле во билтен, ние сме го објавиле билтенот и Танчо Пројковски, како што се вели во пријавата против него, барал од Балтовски да поднесе кривична пријава затоа што му се јавувале „од горе“ и го притискале дека мора да поднесе. Човекот нормално рекол немa докази за што ќе ги гониме. Затоа што го одбил Пројковски, сега пртив Балтовски се водат 15 кривични и дисциплински постапки. Човекот е ставен под невиден мобинг, под невидено малтретирање. Во една од овие сценарија главна улога има поранешниот обвинител Зврлевски е застапник за кривична пријава против Ацо за напад кон некој друг полициски службеник, послушник на сегашнит началник на СВР Струмица, наводно го нападнал. Му прават класична местенка бидејќи одбил незаконска наредба од сегашниот началник на СВР Струмица. Зврлевски, како авокат на тужителот притиска овој човек да биде казнет по секоја цена затоа што не постапил по барањата на тие од „горе“, за кои може да се претпостави кои се, посебно во Струмица.“, образложи Зврлевски.

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски Тема: Како фирмите на Заев ја турнаа во стечај „Еуростандард“

Posted by infomax.mk on Sunday, March 28, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This