(ВИДЕО) ИДНИНАТА ПРИСТИГНА: Летечките автомобили тргнуваат во масовно производство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Летечките автомобили повеќе не се далечна иднина, ни приближно, тие станаа – сегашноста. Веќе е во тек вистинска трка кој ќе се впише во историјата како прв комерцијален летечки автомобил, а „номинацијата“ ја собрал холандското „летечко чудо“ наречено PAL-V (Pioneer Personal Air Landing Vehicle) Liberty, откриено оваа недела во Мајами.

Според светските медиуми, веќе има 70 пред-нарачки за PAL-V а идните сопственици ќе ги добијат клучевите во 2021 година.

– Со години во филмовите, сега и на јаве

Извршниот директор, Роберт Дингеманс, на холандската компанија го скрати тоа време на чекање, па тој за АФП изјавил дека новите сопственици ќе ги добијат клучевите за една година.
„Летечките автомобили многу, многу пати беа во филмовите а идната година ќе станат достапни“.
„После долги години напорна работа, успеавме да ги надминеме техничките пpeчки, нашиот тим успеа да произведе иновативен летечки автомобил кој ги исполнува сите постојни бeзбeднocни стандарди пропишани од регулаторните тeлa ширум светот“, нагласил Дингеманс.

– Во едно, PAL-V се разликува од сличните модели.

„Додека концептите на другите производители на електрични автомобили повикуваа на измени во постојните регулативи, а во многу случаи и до денес, непостоечки технологии, PAL-V намерно избра да создаде летечки автомобил со докажани технологии кои ги исполнуваат сите постојни стандарди“.

– Автомобилот се претвора во авион за 10 минути

PAL-V Liberty изгледа како комбинација на триколка и жирокоптер, долг е четири метри а широк два метри за издание на патот. Потребни се 10 минути за трансформација од автомобил во авион, а за помалку од девет секунди достигнува брзина од 100 километри на час. Инаку, во воздухот може да достигне и до 180 километри на час, на теренот е побавен за 20 километри на час. Максималната надморска височина на летот е 3500 метри, а во воздухот, со просечна потрошувачка, може да остане 4 часа и 18 минути.

Напојуван од два мотори, има 200 кoњcки cили. Според спецификациите, резервоарот од 100 литри (ќе троши бензин за автомобили Еуро 95 и Еуро 98) треба да биде доволен за да покрие растојание од 500 километри во воздухот, и оддалеченост од 1.315 километри на земја. За полетување, потребно е расчистување на околу 180 метри рамнина, а само 30 за слетување.

PAL-V е направен од карбонски влакна, титаниум и алуминиум и тежи 664 килограми. За жал, тој е дизајниран само за две лицa.

Се разбира, ќе се бара возачка дозвола и лиценца за пилот за да се вози. Производителот тврди дека ви требаат само 30-40 часа обука за да ги совладате 8. основи на возењето.
А цената? „Само“ 599,000 американски долари. Но, ќе има и поевтина верзија, која би била значително поевтина, за неа ќе треба да се издвојат 335.000 американски долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This