April 26, 2024, 11:48 am

(Видео) Иднина или само сон: Патување со брзина од 1.000 километри на час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата Virgin Hyperloop, која се занимава со нов вид брз транспорт, објави видео кое ги прикажува плановите на системот, за кои тие тврдат дека ќе им овозможи на луѓето да патуваат со брзина од 1.078 километри на час.

Компанијата тврди дека системот „ќе постави нови стандарди за патување во 21. век“ и ќе им овозможи на луѓето да патуваат меѓу градовите во рок од неколку минути, пишува Си-Ен-Ен.

Дизајнот на хиперлупот вклучува серија патнички капсули во внатрешноста на цевката во кои се одржува речиси вакуумска средина, што може да се види на видеото.

Со елиминирање на аеродинамичното влечење, капсулите на батерија можат да достигнат брзина до 1.078 км/ч со мала потрошувачка на енергија, соопштила компанијата.

Наместо физички да бидат поврзани како вагони, капсулите ќе патуваат во конвои, што значи дека можат да патуваат на различни дестинации, објаснето е од Virgin Hyperloop.

Тие капсули можат да се одвојат од конвојот на ист начин како автомобил што го напушта автопатот на излез, а системот ќе може да превезува „десетици илјади патници на час, во една насока“, се наведува во видеото.
И покрај популарноста на таквите проекти, хиперлупите остануваат недокажана технологија.

Компанијата го заврши својот прв тест за патници во ноември минатата година. Претходно беа извршени повеќе од 400 .тестови, се вели во соопштението на компанијата.

За време на тестовите, капсулата достигна само 100 км/ч на тест патеката, соопшти компанијата. Virgin Hyperloop вели дека патеката е долга само 500 метри, поради што брзината со која може да се движат капсулите е ограничена.

Virgin Hyperloop не е единствената компанија која ги развива овие видови на транспорт. Тесла и извршниот директор на Space X, Илон Маск ја објавија својата брза рунда во 2013. година.

Virgin Hyperloop е основана како Hyperloop Technologies во 2014. година. Милијардерот Ричард Бренсон се приклучи на бордот на директори во 2017 година, а потоа името на компанијата беше сменето.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This