(Видео) Изjaвa нa пpeтceдaтeлот Пендаровски за вpeмe нa oфициjaлнaтa пoceтa нa Република Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на официјалната посета на Република Хрватска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по што се одржа и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Почестен сум со можноста да престојувам во официјална посета на Република Хрватска и со претседателот Милановиќ и другите претставници на хрватскиот политички врв да разговарам за теми од заеднички интерес.

Нашите две држави и нашите граѓани ги поврзуваат длабоки историски и културни врски. Ние сме блиски по географија, слични по јазик, култура, но и по менталитет, светоглед и вредности. Низ историјата, Хрватска за нас има особена улога и значење. Токму тука во Загреб, пред точно 160 години беше испечатен зборникот на народни песни на Браќата Миладиновци под покровителство на хрватскиот бискуп Штросмаер, како најзначајно дело на нашата  преродба. Овој Зборник е предвесник на уште едно капитално дело кое е издадено повторно тука во Хрватска, во Самобор, една од првите стихозбирки напишани на македонски јазик, книгата Бели Мугри на Коста Солев Рацин, еден од основоположниците на современата македонска литература.

Врз богатата традиција на блиски односи, градиме и интензивна соработка во сегашноста затоа што имаме идентична визија за иднината. Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на Република Македонија. Хрватската поддршка е резултат на нејзината верба во столбовите на Европската Унија и нејзините базични принципи, кои, за жал, во последно време некои ги доведуваат во прашање.

Она што го кажав во разговорот со хрватскиот претседател би сакал и сега да го повторам. Ние сме благодарни на Република Хрватска за искрената поддршка, како и за одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. Овде во Загреб би сакал уште еднаш, да истакнам дека за нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија и за таа цел продолжуваме да работиме со несмален интензитет. Се разбира, за да стигнеме таму, нема да бидат доволни само нашата волја и нашите напори. 

Почитувани,

Во современиот свет кој не е имун на геополитички  конфликти, економски и здравствени кризи, секоја земја се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет. Но без соработка меѓу државите, тоа би било невозможно. Да го искористиме капиталот кој го имаме во билатералните односи, да ја развиваме економската и трговска соработка и соработката во другите области како туризмот, инфраструктурата, науката.

За таа цел, во мојата делегација имам и претставници на бизнис заедницата, кои овде ќе остварат контакти со луѓето од хрватската бизнис заедница и ќе разговараат за конкретни проекти и решенија. Како крупен влог во и онака извонредните културни врски меѓу нашите две земји е отворањето на Културно информативниот центар на Македонија во Загреб што ќе отвори нови простори за културна размена.

Како една од важните точки за разговор што ги имавме со претседателот Милановиќ е положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Македонија. Објективно, правата на малцинствата во двете земји се на прилично високо ниво, иако постои целосна подготвеност од двете страни за нивно дополнително унапредување.

На крајот, дозволете уште еднаш да се заблагодарам на мојот домаќин, на Претседателот Милановиќ за поканата и за срдечниот пречек овде во Загреб. Се надевам дека во блиска иднина ќе имам можност да го возвратам гостопримството во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This