(ВИДЕО) ИМА ДАУНОВ СИНДРОМ, А КРЕВА ТЕЖИНИ И ДО 185 КИЛОГРАМИ: “Им покажувам на луѓето дека сѐ е возможно!”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога Џон Стоклосa на 11-годишна возраст го видел неговиот брат како крева тежини, посакал и самиот да се проба во тоа.

Иако родителите го поддржувале, многумина му рекле дека тој нема никогаш да биде успешен. Но, зошто? Поради тоа што денес веќе 37-годишниот Џон има Даунов синдром.

Сепак, тој не се откажал од своите соништа и повеќе од 20 години подоцна и понатаму ужива во тоа.
“Напорно тренирам и сум фокусиран. Им покажувам на луѓето дека сѐ е возможно”, изјавил Стоклоса за “Today”.

Луѓето со Даунов синдром имаат послаб мускулен тонус па затоа експертите често препорачуваат тие да не се занимаваат со спорт. Но, сѐ повеќе лица сепак се вклучуваат во разни спортски активности па така многу трчаат маратони, а некои како Џон, креваат тежини и се успешни во тоа.

“Не ги слушавме предупредувањата. Беше под надзор на добри тренери и никогаш не се плашевме, го туркавме да оди напред”, додал таткото на Џон, Хенк Стоклоса.

Џон денес крева тежини и до 185 килограми. Бил судија на Специјалната американска олимпијада и бројни други натпревари. Неговата приказна станала дел од видеото кое го осмисли Националното друштво за Даунов синдром (NDSS) во кое лицата кои имаат Даунов синдром ги откриваат своите достигнувања и со тоа ги рушат сите стереотипи.

“Покажав дека сум силен. Одлучен сум”, порачал Џон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This