(Видео) Им се изнасмea на маката на пoплaвените: Нacледникот на Меркел си ја заврши политичката кариера?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Армин Лашет е еден од главните кандидати за наследник на канцеларката Ангела Меркел, и се извини на германската јавност откако камерата го фати како се смее во позадината на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, кој во тоа време и се обраќаше на јавноста, додека ги обиколуваше по поплавените области.

Лашет предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако камерата го фати како се смее при посетата на поплавените подрачја, односно градот Ефштад, додека разговараше со неколку лица во позадина, зад претседателот Штајнмаер, кој во тоа време вети дека ќе им помогне на поплавените однесе најмалку 130 животи во Германија, објави Блумберг.

https://twitter.com/cLyppersen/status/1416478444884566018?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1416478444884566018%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs.sputniknews.com%2F20210718%2Fgaf-moguceg-naslednika-merkelove-smejao-se-dok-je-obilazio-poplavljene-oblasti-javnost-zaprepascena-1127506943.html

Американската агенција проценува дека однесувањето на Лашет е срамно. Тој ја предводи владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и е кандидат за замена на Меркел на парламентарните избори на 26 септември.

Подоцна рече дека жали што „остави таков впечаток“.

Лашет, премиерот на тешко погодената провинција Северна Рајна-Вестфалија, разговараше со член на неговата делегација и во еден момент пукна од смеа.
„Ова не беше соодветно, се извинувам“, рече Лашет преку Твитер, откако беше критикуван од политичките ривали и корисниците на социјалните мрежи.

https://twitter.com/cLyppersen/status/1416478444884566018?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1416478444884566018%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs.sputniknews.com%2F20210718%2Fgaf-moguceg-naslednika-merkelove-smejao-se-dok-je-obilazio-poplavljene-oblasti-javnost-zaprepascena-1127506943.html

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This