(Видео) ИНВЕСТИЦИЈАТА СО КОЈА СЕ ПОФАЛИ ЗАЕВ Е БАНКРОТИРАНА ФИРМА: За 9 месеци годинава во земјава влегле едвај 131 милион евра во вид на странски инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата најави нова инвестиција, опозицијата тврди дека била пред банкрот. Откако Владата денеска најави дека американската компанија Дура Аутомотив Системс ќе отвори две нови фабрики во Бунарџик, од опозицијата обвинија дека премиерот Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека реномирани странски медиуми пишувале дека оваа компанија банкротирала во ноември.

„Дали Зоран Заев и Анѓушев свесно во пресрет на изборите ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот? Ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот најави дека во двете нови фабрики ќе се произведуваат делови за најголемите светски автомобилски компании. Во фабриките на Дура во земјава најавено е дека ќе работат 1.000 луѓе, а двете инвестиции треба да тежат 68 милиони евра. Надлежните дури потенцираа дека компанијата првично решила да вложи во Чешка, но се предомислила и ја избрала Македонија.

Инаку за 9 месеци годинава во земјава влегле едвај 131 милион евра во вид на странски инвестиции. Во матичните фирми во странство компаниите вратиле 262 милиони евра. Ако во последните три месеци до крајот на годинава се задржал истиот тренд, ова ќе биде една од полошите години за влез на странски капитал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This