April 24, 2024, 11:41 am

(ВИДЕО) ИНТЕРЕСНО И ВОЗБУДЛИВО: Убер воведе нов хилихоптерски превоз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убер се крена високо над Њујорк, дозволувајќи им на клиентите со подлабок џеб да летаат со хеликоптер до аеродромот Џон Ф. Кенеди од следната недела.

Компанијата ја претстави услугата Uber Copter и најави дека летовите од долниот Менхетен ќе бидат достапни за сите клиенти од 7 октомври, пренесува Хина, додавајќи дека Uber ја даде таа опција на своите премиум клиенти во јуни.

Приближно осумминутниот лет ќе чини помеѓу 200 и 225 долари по човек и ќе вклучува и копнен транспорт.

Патниците можат да носат мал куфер со нив, а во пресрет на полетувањето, ќе разгледаат бeзбедносен брифинг сличен на оние на летовите на авионите.

JFK е еден од најголемите аеродроми во САД и од Менхетен кој е секогаш во сообраќен метеж до него се потребни два часа, додека со јавен превоз се стига за 50 до 75 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This