(Видео) Инфомакс „влезе во НАТО“: Столтеберг одговори за недобиените безбедносните сертификати за високи владини претставници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг попладнево одржа прес конференција по состаноците во Брисел на средбата на министри за надворешни работи на земји членки на Алијансата.

Тој напомена дека состаноците на министрите за надворешни работи биле продуктивни како припрема на самитот на НАТО кој треба да се одржи годинава.

Столтенберг истакна дека овие средби ќе го означат новиот почеток на односите помеѓу Европа и Америка.

Министрите говореле за новите опасности за членките на алијансата како и промена во балансот на моќта на светската сцена.

Како одговор на се посериозните безбедносни закани се бара сериозна агенда до 2030 година фокусирана на развивање на одбрамбените капацитети на Алијансата, мора да се направи повеќе за да покажеме обединетост истакна Столтенберг

Во делот посветен на новинарски прашања, прашање постави и уредникот на Инфомакс Александар Митовски кој побара коментар за улогата на Македонија во НАТО, пред се кога станува збор за мисијата во Авганистан, но и регионалната безбедност со фокус на Косовското прашање.

-Би сакал коментар од Генералниот секретар за улогата на Македонија во странските мисии на НАТО, посебно во Авганистан. Би сакал коментар за улогата на Македонија во стабилноста на регионот, поточно со Косово, запраша Митовски.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберги истакна дека Македонија е високо ценета членка на НАТО која има значаен придонес во мисиите и операциите на Алијансата. Тој напомена дека македонските војници покажале, храброст, посветеност и професионалност во извршувањето на сите свои задачи.

-Најпрво многу сум горд што во петок ќе можеме да ја прославиме годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО. Исто така му честитав на министерот за надворешни работи од Македонија на состанокот денес, во врска со годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО. Ова е добро за Македонија и за сите сојузници во НАТО и исто така сме благодарни за придонесот на Македонија во мисиите на НАТО вклучително и во Авганистан. Се сретнав со војници од Македонија и тие покажаа храброст, посветеност и професионализам при нивната служба во мисиите и операциите на НАТО, изјави Столтенберг.

Исто така би сакал коментар од Генералниот секретар за информацијата дека најмалку двајца владини претставници кои не добиле безбедносен сертификат од НАТО, запраша Митовски.

Столтенберг не го демантираше проблемот со НАТО сертификатите на двајца владини претставници истакнувајќи дека токму процесот на ветинг овозможува слободен пристап и тек на класифицирани информации помеѓу земјите членки на НАТО.

– Нема да коментирам разузнавачки проблеми, но можам да кажам дека секој пат сме спроведувале ветинг во НАТО, процедури кои се важни за нас и поради тоа што мораме да биде сигурни дека можеме да споделуваме класифицирани информации, документи на добар начин. И тоа е клучната причина поради која можеме да споделуваме класифицирани информации, токму поради различните процедури за ветинг, вели Столтенберг.

За крај Столтенберг уште еднаш ја честиташе годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО потенцирајќи дека сме високо ценета членка на Алијансата.

-Уште еднаш сакам да кажам дека Македонија е сојузник во Алијансата од големо значење и пристапот на Македонија во Алијансата демонстрира дека врата на НАТО е отворена. Уште еднаш ви ја честитам првата годишнина како високо ценета членка на НАТО, вели тој.

Инфомакс влезе во НАТО!

Инфомакс влезе во НАТО без да го смени името :)Maкедонија има одлични и храбри војници кои професионално си ги завршуваат своите задачи во мисиите и операциите на НАТО, вели Генералниот секретар на , Јенс Столтеберг, војници со кои треба да се гордееме сите ние!Денеска на Столтенберг му поставив неколку прашања кои се клучни за Македонија како нова членка на НАТО. На дел од прашањата тој вешто го избегна одговорот, но тоа што го премолче може да се каже дека е подеднакво важно.Во прилог го имате целосниот превод и на прашањата и упатени до Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег како и неговите одговори.-Би сакал коментар од Генералниот секретар за улогата на Македонија во странските мисии на НАТО, посебно во Авганистан. Би сакал коментар за улогата на Македонија во стабилноста на регионот, поточно со Косово. Исто така би сакал коментар од Генералниот секретар за информацијата дека најмалку двајца владини претставници кои не добиле безбедносен сертификат од НАТО, запрашав јас.-Најпрво многу сум горд што во петок ќе можеме да ја прославиме годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО. Исто така му честитав на министерот за надворешни работи од Македонија на состанокот денес, во врска со годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО. Ова е добро за Македонија и за сите сојузници во НАТО и исто така сме благодарни за придонесот на Македонија во мисиите на НАТО вклучително и во Авганистан. Се сретнав со војници од Македонија и тие покажаа храброст, посветеност и професионализам при нивната служба во мисиите и операциите на НАТО. Нема да коментирам разузнавачки проблеми, но можам да кажам дека секој пат сме спроведувале ветинг во НАТО, процедури кои се важни за нас и поради тоа што мораме да биде сигурни дека можеме да споделуваме класифицирани информации, документи на безбеден начин. И тоа е клучната причина поради која можеме да споделуваме класифицирани информации, токму поради различните процедури за ветинг. Уште еднаш сакам да кажам дека Македонија е сојузник во Алијансата од големо значење и пристапот на Македонија во Алијансата демонстрира дека врата на НАТО е отворена. Уште еднаш ви ја честитам првата годишнина како високо ценета членка на НАТО, вели Столтенберг.

Posted by Александар Митовски on Tuesday, March 23, 2021

Целиот пост на уредникот на Инфомакс можете да го погледнете на следниот линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This