(Видео) ИНФОМАКС СО ПРАШАЊА ЗА МИНИСТРИTE ОД ВМРО-ДПМНЕ: Еве кои се првите чекори кои тие ќе ги превземат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс Александар Митовски по изгласувањето на техничката Влада на пресот кој го одржа заменик министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски постави низа на прашања до новите технички министри од редовите на досегашната опозиција.

Митовски го запраша Трипуновски кои се првите чекори на министрите во техничката Влада.

-Ние уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за истото. Останатите во текот на утрешниот ден и првата работа што ќе биде наша обврска како министри односно дополнителни технички министри ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно од внатре и веднаш ќе се заложиме да преземеме некои чекори кои што ќе значат подобро утре за македонските граѓани, одговори Трипуновски.

Митовски побара и коментар за вчерашните и денешните прераспределби во МВР од техничкиот министер за внатрешни, Наќе Чулев.

-Приоритетна цел во наредниот период на мене како технички министер за внатрешни работи на Република Македонија пред се ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори и за таа цел ќе бидат превземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање на евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период ќе бидат во соработка со меѓународни организации и други државни институции во Република Македонија ќе бидат превземени активности за стабилизација на државата и за заштита на уставниот поредок и безбедност на граѓаните. Што се однесува до последните решенија кои се дадени во изминатите три дена вклучително и во текот на денешниот ден сметам дека ни треба еден период на согледување на состојбата во Министерството за внатрешни работи и за најмногу за неколку дена ќе излеземе со официјално соопштение во однос на најголем дел незаконски дадени решенија, вели Чулев

Новата заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска уредникот на Инфомакс пак ја запраша дали ќе има ли доволно време до пред изборите да се направи ревизија на можеби исплаќањата за кои се шпекулира дека популистички се прават сега точно пред изборите за да се купат гласови.

Одговор на Гордана Димитриеска Кочоска: Ние од моментот кога ќе влеземе во министерството, ќе почнеме со работа и она за што граѓаните треба да бидат сигурни е фактот дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот. Исто така, се што ќе биде за поткуп на изборни цели ќе биде стопирано. Значи, ќе работиме само во рамки и согласно законот. Ништо надвор од тоа, вели таа.
 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2937320569612181/

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This