(Видео) ИСУС НЕ ЖИВЕЕЛ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ, ЖИВЕЕЛ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ: Муслиман ги чува клучевите од најголемото христијанско светилиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Традицијата започнала многу одамна, кога муслиманите за прв пат го оcвоиле Ерусалим воседмиот век. Семејството Нусеибех веќе 1300 години го предава клучот од татко на син, а со тоа и обврската за одржување на црквата.

Вајих Нусеибех е денешниот клучар на базиликата и негова е грижата за одржување на црквата. Тој е глава на семејството, а честа ја добил како најстар син, исто како што неговиот син ќе ја добие еден ден. Членови на ова семејство секој ден два часа пред полноќ ги заклучуваат христијанските монаси во црквата и ги пуштаат пред утрото.

„Понекогаш станувам и пред четири часот наутро. Гледаме дека луѓето се среќни, па така и ние сме задоволни. И секако, Исус не живеел само за христијаните, туку за сите луѓе. И муслиманите веруваат дека тој бил еден најсветите пророци”, вели клучарот.

Фактот дека муслиман ги чува клучевите од најголемото христијанско светилиште го објаснува отец Дергус Кларк, кој живее во црквата.

„Во време кога ги презеле клучевите, муслиманите сакале да покажат надмoќ на исламот над христијанството. Затоа го дале клучот на муслиманско семејство и ги затвориле сите врати – освен главната која тие ја надгледуваат”, вели тој.

Сепак, освен овaa историскa, постои и уште една, типично човечка причина. Базиликата на светиот гpoб е единствената црква во која живеат претставници од шест христијански цркви – Католичката, грчката православна, патријаршијата од Ерусалим, Ерменската источна православна црква, како и и Коптите, Ериопјаните и Сиријците

Меѓу нив често доаѓа до недоразбирања, а светот пред неколку години го обиколи и видео од cyдирот на грчки православни со ерменски монаси.

Поради тоа, доколку клучот го има некој од претставниците на црквите кои живеат под еден кров, би можело да направи дополнителни проблеми.

„Секоја група верува дека е сопственик на црквата, па ако сте сопственик, тогаш можете да правите и што сакате, да пуштате едни луѓе внатре, а други не“, вели клучарот Вајих Нусеибех.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This