(Видео) Исчистена најголемата дeпонијa во Ѓорче Петров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За една ипол недела, Општина Ѓорче Петров во соработка со Град Скопје ја исчисти дивата депонија во Ново село.

Градоначалникот Александар Стојкоски објави дронски снимки од кои се гледа дека местото кое беше натрупано со отпад, кој повремено се палеше, сега е исчистено.

Ветивме дека депонијата во Ново село ќе биде минато, успеваме тоа да го реализираме за една недела од почетокот на расчистувањето! Нема загадување, нема палење и чад, нема загрозување на здравје! Има чиста околина, простор за ново зеленило, зона за рекреација! Од сега, ќе бидеме ригорозни со казнувањето доколку затекнавме фрлање отпад од фирми или жители на оваа локација! Постојано ќе има патроли, но и начин како да се пријави доколку некој забележи исфрлање на отпад!, напиша Стојкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This