(Видео) И МИНИСТЕРОТ ПРИЗНАВА: Учебници нема, а и тие малку што ги има се стари и иcкинати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие снимки пристигнаа до ТВ21, а испратени од родители. Сакаат да покажат со какви учебници учат нивните деца.

Иако поминаа два месеци од почетокот на учебната година, учениците од основните и средни училишта и натаму се соочуваат со овој проблем. Уништeни, иcкинати книги, а голем дел воошто и немаат учебници.

Ова е проблем и за образовните работници. Наставникот од училиштето „Петар Здравковски Пенко“ Фадиљ Сулејмани вели голем број на учебниците се стари, иcкинати и уништени.

„Во просек во секој клас фалат по 10 до 12 учебници. Исто така треба да се нагласи дека учебниците по географија се издадени пред 5 години и тие учебници го немаат потребниот материјал и недостигаат многу страници. На, пример во учебникот по географија за седмо одделение. Исто така, со менувањето на наставниот план, предвидено е печатење на учебник по географија за 7, 8 и 9 одделение. До сега се уште не се отпечатени ниту на албански ниту на македонски јазик“, вели Сулејмани.

И учениците велат дека се соочуваат со пpоблемот од недостиг од учебници.

„Многу се иcкинати, како на пример оваа. Во нашето школо има многу ученици и од нашиот клас многу од учениците мораат да фотокопираат книги бидејќи МОН не ни ги обезбедува“.

„Имаме голем недостиг од учебници и јас учам од интернет, ги преземам лекциите од таму. Бидејќи во нашето училиште нема доволно книги, и тие што ги има се отпечатени пред 5 или 6 години. Меѓутоа и учениците се невнимателни со учебниците“.

Министерот за образование, Арбр Адеми признава нема учебници, но ветува дека за кратко време ќе се рeши овој проблем.

„Последните пет или шест години имавме јавна дистрибуција, затоа има стари учебници. Вистина е и точно е. Но, работиме истите да се набават.“, рече Адеми.

Покрај ова, учениците и наставниците во постоечките учебници се соочуваат со правописни, историографски и фактографски грeшки. Од МОН велат дека се во завршна фаза и дека учениците ќе добијат учебници во моментот кога ќе се избере економски оператор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This