(Видео) Иcчезна монолитот кој нeодамна беше откриен во пустина во Јута

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјални лица на американската сојузна држава Јута објавија дека исчезна мистериозниот метален монолит што беше забележан минатата недела во оддалечен дел од пустината на југоистокот на таа држава во северозападниот дел на САД.

Канцеларијата на локалната територијална администрација објави дека има веродостојни извештаи во кои се наведува дека „непознати сторители“ го тргнале монолитот, а на социјалните мрежи се шират фотографии на кои се гледаат мали парчиња метал покрај карпите, јави Танјуг.

Од првото забележување на 18 ноември, овој метален монолит, висок околу 3,7 метри, постојано ја разбранува фантазијата, а јавноста сè повеќе шпекулира за тоа што претставува и како се нашол во пустината.

Мистериозниот метален монолит најпрво го забележал екипажот на хеликоптер кој го следел движењето и ги броел главите во големото стадо овци кои мигрирале во тој дел на Јута.

https://twitter.com/nowthisnews/status/1331312378705825792

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This