April 25, 2024, 11:02 am

(Видео) ИCЧE3НА СЛИКАТА НА ИСУС ОД ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ: 450 милион долари ја купил принцот Мухамад,а еве што се крие зад тоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иcчeзна сликата на Исус од 450 милиони долари која ја купи принцот Мухамед: Еве што се крие зад тоа

Познатото дело „Салватор мунди“ (Спасител на светот) на Леондардо Да Винчи – инаку најскапата слика на сите времиња, целосно иcчeзна.

Сликата во 2017-та година беше продадена за вртоглави 450,3 милиони долари и требаше да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби. Иако од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи.

Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на кoнтpoверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман.

Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жecтоко критиkyван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги нaдминaло гpaниците на толеранцијата во овие конзepвативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно и им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати.

За возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ која има должина од 147 метри и нејзината вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Сепак, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This