(Видео) ИHЦИДEHT ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Пратеник го нaпaднa премиерот Еди Рама!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеник од редовите на албанската опозициона Демократска партија, Еди Палоки, предизвика инцидент во парламентот со истурање на боја врз премиерот Еди Рама.

Инцидентот следеше откако премиерот Еди Рама му се обрати на лидерот на опозицијата Љуљзами Баши, кој зборуваше за „криминалот на актуелната влада“ наместо за ратификацијата на протоколот за влегување на Македонија во НАТО, нагласувајќи му дека се однесува како дете што не знае што зборува и дека не е момент за вакво однесување со оглед на автобуската трагедија во Македонија, како и поради важноста на почитување на дневниот ред.

На барање на претседателот на парламентот, Грамоз Ручија, припадниците на националната гарда го отстранија Палоки од собраниската сала.

Палоки исто така заработи забрана за влез во парламентот во траење од десет дена.

Рама му се извини на претседателот на собранието на македонскиот парламент кој беше присутен на седницата.

Лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша ја искористи приликата да ги повика присутните на антивладиниот пpoтecт закажан на 16ти февруари, оценувајќи дека денешните настани се погубни за државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This