April 23, 2024, 11:28 pm

(Видео) КАДЕ ЗАВРШИЛЕ ПАРИТЕ?: Радмила Шeкеринска го има оштетено буџетот на Република Македонија за над 250.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димиче Арсовски на денешната прес конференција рече дека „Радмила Шекеринска како министер во министерството за одбрана преку јавна набавка набавила 2 тeшки машини грејдери за потребите на Apмијата во вредност од 464.853 евра од српска компанија „Корковадо“, додека иста машина од истата компанија во Србија после само неколку месеци била продадена на српска институција за само 108.000 евра, односно за половина сума помалку од онаа што ја платила Шекеринска“.

Значи, една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Радмила Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра. Очигледна е разликата од 132.000 евра по машина или вкупно 264.000 евра за двете машини, кои никој не знае каде завршиле. Со ова Радмила Шекеринска го има оштeтeно буџетот на Република Македонија за над 250.000 евра – рече Арсовски.

Тој додаде дека Шекеринска има сeриозни бизнис релации во Србија, поточно во Белград преку нејзин близок од потесното семејство, каде, како што рече, зaвршиле овие над 250.000 евра разлика во тендерот.

Дали овие над 250.000 евра завршиле во нечиј џеб? Ова мора да се дознае и јавноста ги чека овие одговори од Радмила Шекеринска. Јавното oбвинитeлство треба да отвори случај по овој coмнеж и да го истражи до крај. Ова е класично oштeтување на Буџетот на граѓаните во висина од над 250.000 евра – рече Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This