(Видео) КАКО ДИМИТРОВ ЛAЖEШE ДЕКА НЕ ЗНАЕЛ ЗА PEKETOT: Знаел за „pyшветот“, конзулот барал пoмoш, овој го исклучил телефонот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, знаел дека Боки 13 преку посредник од штипскиот бизнисмен и почесен конзул на Латвија Зоранчо Митровски барал 2 милиони евра за помош која Боки ја понудил, бидејќи бил осомничен на СЈО во случајот Поштенска Банка, и неколку други, ова денеска во судот го тврдеа сведоците на обвинителката Вилма Рускоска за случајот Рекет.

Непристојниот предлог стигнал од Боки 13, на еден состанок во 1тв, на кој биле кумот и адвокат на Митровски, Сашо Бошков, Боки 13, и кошаркарот Влатко Илиевски, сведочеше адвокатот. На истата средба Боки 13 пред да каже колку чини помошта за случајот „Поштенска Банка“ на телефон разговарал со жена чиј идентитет Бошков не можеше да го потврди со сигурност.

Во телевизијата Боки го запознал Бошков со Лазар, синот на Јанева. Парите не биле исплатени, а Митровски не пријавил ниту во полиција ниту во обвинителство, плашејќи се од како што рече моќта што во тоа време ја имаше СЈО. Како почесен конзул на Латвија, тој побарал помош од нерезидентниот амбасадор на Латвија во Македонија.

За помошта тешка 2 милиони евра, од амбасадорот на Латвија, бил информиран министерот за надворешни Димитров, тврдеше Митровски во Судот. По тоа амбасадорот го известил преку порака дека не очекува во иднина да го малтретираат од СЈО.

Инфомакс пред 3 месеци објави дека бизнисменот бил исплашен од ситуацијата која се одвивала во државата бидејќи во тој период Катица Јанева била многу моќна – според кажувањата на бизнисменот – а бил отворен и предметот „Империја“ по кој во притвор завршиле бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и други бизнисмени. Ова го исплашило бизнисменот од источна Македонија, кој одлучил да го информира амбасадорот на земјата на која е почесен конзул.

– Јас веќе 12 години сум почесен конзул на Латвија и за ова што ми се случува усмено го известив амбасадорот кој е нерезидентен амбасадор за Македонија, а во тоа време беше амбсадор во …. Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава. – вели бизнисменот во своето сведочење, на втората страница од записникот, при крајот на страницата.

Бизнисменот во својот исказ дополнува дека по ова јавување од кабинетот на МНР Димитров се одлучил да ги исклучи мобилните телефони и да замине во Бугарија, во Банско на два месеци за да се сокрие од притисокот кој го чувствувал.

Но, овој септемрви, министерот имаше друга приказна за тоа дали бил запознаен со рекетирањето.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This