March 29, 2024, 11:07 am

(Видео) Како за две минути да се оcлободите од главоболката?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето кои страдаат од главоболка и мигрена знаат колку мачни можат да бидат моментите кога ќе се појават, а знаат да траат и по неколку часа, па и денови. И додека повеќето луѓе ги сметаат таблетите како најделотворен начин за најбрзото решение за болка, на интернет се појави еден интересен трик како да се ослободите од главоболката без нивна потреба и тоа за само две минути.

Јутјуберот Камил К. Ваврзиско е креатор на видеото кое сега има повеќе од 4,5 милиони прегледи, а во истото објаснува како да го постигнете тоа и да ја победите болката.

„Тајната е во визуализација на главоболката. Дајте и боја, големина, облик и место. Ако се фокусирате на тоа, ќе замислите како болката станува сè помала, сè додека не исчезне во целост“, објаснува Камил.

Видеото го коментирале над 27 илјади луѓе.

„Го гледам видеото секој пат кога имам главоболка и го препорачувам на секого”, “Ти благодарам! Ова е веројатно 15-ти пат како го гледам видеото, секој пат ми помага”, “Зошто ова функционира? Потполно сум збунет“, се само дел од коментарите кои се појавиле под видеото.

Иако Ваврзиско тврди дека овој трик делува, доколку имате чести главоболки, обратете се кај вашиот лекар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This