(Видео) Калајџиев за изборот на претседател на Cyдckиот совет: Стручна соработничка ќе оценува уcтавни cyдии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Гордан Кајалџиев, во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за реформите во правосудството истакна дека власта треба да се преиспита дали истите имаат успех.

„Проблемот со политичарите е прво што сакаат нив да им одговараат реформите, второ, сакале да имаат брзи реформи коишто ќе им служат ним, и да покажат привидни резултати, како што е тоа впрочем и сега. Јас не знам сега по која општа стратегија или акциски план се одвиваат реформите. Можно е и да немаме таков доколку се одеше по агендата поглавје по поглавје, па реформите нека бидат кон усогласување со европскот право што е побезбеден пристап, него ние да ги спроведуваме. Ние имаме сериозен проблем што не сакаме критички да се преиспитаме, искрено да се погледнеме во очи и да кажеме, чекај, успеа ли онаа наша? Има во литературата многу тврдења дека овие наводни реформи што венецијанска комисија и други ги пласираат по централна источна реформа дека нигде немаат вродено со успех. Ние сме како заморчиња и еднашка ќе ни кажат претседателот на судскиот совет да биде, друг пат да не биде судија. И гледате како нормално е дека ќе има отпор, една стручна советничка ќе дојде ќе ги оценува врховните судии. Тоа е будалаштина.“, исктакна Калајџиев.

„Тоа се еден куп експерименти а ние не сме имале, нити имаме истражувања нити имаме дебата, да се погледнеме во очи и да кажеме: Чекај, овој систем не успеа, овие ни се главните проблеми, начин на избор на јавен обвинител, судските совети не функционираат и од алатка за заштита станаа алатка за притисок“, додава Калајџиев

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This